Магазин

Понеделничко мени: Пилешко филе во сос и фантазија со три чоколади

Понеделничко мени: Пилешко филе во сос и фантазија со три чоколади

За денешното понеделничко мени во Нетпрес се одлучивме да подготвиме пилешко силе во сос од горгонзола, а за десерт една фантазија од три чоколади.

Состојки

440 гр пилешко филе

11 лажица суви зачини

40 гр пршута

2 лажици маслиново масло

100 гр чери домати

За сосот од горгонозал

100 праз

100 гр горгонозала

200 мл павлака за готвење

½ лажиче лук во гранули

Малку сол

Бел бибер

½ лажиче мајчина душица

Подготовка

Пилешкото филе посолете го со зачините и потоа секое парче замоткајте го во тенко исчекана пршута. На тефлон тава загрејте маслиново масло па пржете го местото од секоја страна по две миниту. Извадете го местото во чинија и покрије го додека го подготвувате сосот.

За сосот на истотот масло на тивок оган испрежете тенко исчекан праз додека не омекне и не ја промени бојата. Додајте го сирењето исчекано на парчиња и полека додавајте ја павлката за готвење мешајќи додеја сирењето не се распоти, а сосот благо не се згусне. Додајте лук во гранули. Сосот по потреба зачинете го.

Месотото и сосот заедно ставете ги во керамички сад премачкан со лук и масло и потоа ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени 25 до 30 минути.

5e69683c33cb2955c261195158938d21_header

Фантазија со три чоколади

2 јајца

2 жолчки

2 белки

100 гр +20 гр шеќер

30 гр брашно

25 гр чоколадо во прав (какао)

Мус од црно чоколадо

100 гр црно чоколадо (голем процент на какао)

200 гр течен шлаг

2 ливчиња желатин

Mус од млечно чоколадо

100 гр млечна чоколада

200 гр течен шлаг

2 ливчиња желатин

Мус од бело чоколадо

100 гр бело чоколадо

200 гр течен шлаг

2 ливчиња желатин

Глазура

100 гр црно чоколадо

1 дл течен шлаг

Подготовка

За кората

Во метален сад изматете две жолчки и две цели јајаца со 100 гр шеќер. Ставете го садот на пареа и матете додека смесата не стане млака (околу 40 степени). Симнете од оган и матете со миксер додека јајцата не станат бели и смесата не се стане тројно поголема. Полека додајте брашно и какао и со лажица измешајте ја смесата.

Посебно изматете две белки со 20 гр шеќер, но не многу, само да запенат.

Од првата смеса одвојте отприлика 1/5 и внимателно додајте ја пената од белки. Убаво измешајте, а потоа додајте го и остатокот од смесата од жолчки. Ставете во округла тава (добро подмачкан) и печете на 210 степени околу 10 до 12 минути. Изладете го, но не го тргајте прстенот од тавата.

Мус од црна чоколада

100 гр црна чоколада стопете на пареа. Изматете го шлагот цврсто. Одвојте 1/3 шлаг и брзо измешајте го со чоколадото. Набобрениот желатин исто така брзо додајте го во таа смеса, а потоа додајте го остатокот од шлагот.

Прелијте преку кората и оставете го во фрижидер да се стегне.

Мус од млечна чоколада

Иста постапка како со црниот. Прелијте преку првиот мус и ставете во фрижидер да се стегне.

Мус од бела чоколада

Исто како и претходните два муса. Ставете во фрижидер да се стегне.

Глазура

Стопете го чоколадо, измешајте го со чоколадот и прелијте го преку тортата. Потребно е да се стегне најмалку два часа.