Понеделничко мени во Нетпрес: Јагнешко и топчиња од суво овошје

За денешното понеделничко мени во Нетпрес се одлучиме да готвиме јагнешко месо со компири, а десерт ќе правиме топчиња од суво овошје.

Потребни состојки

1 јагнешки бут

Малку јагнешки ребра

1 кг ситни компири

2-3 моркови

Малку масло

Суви зачини

Црн бибер

Сув магдонос

Шарен бибер во зрна

Путер

Малку сенф

Подготовка

Месото треба добро да се измие и малку да се исуши, се пикува на неколку места и се става шарен бибер и малку се мачка со сенф.

Се мачка со малку масло и малку сол, повеќе сув магдонос, бибер, малку црвена пиперка и малку мелен лук. Ставете да се пече во загреана рерна на 220 степени. Пред печењето одозгора ставете парче путер на неколку места. Додека се пече подгответе го компирот.

Излупениот компир пресечете го на половина. Исто и марковот.

Ставете се во еден сад и со малку масло се полијте. Потоа ставете ги сите зачини кои ги ставвите врз местото освен сенфот и лукот. Ставете малку повеќе црвен пипер. Сето тоа убаво измешајте го, секој компири да прими помалку од зачините и наредете ги околу месото. Морковите ставете ги меѓу парчињата месо.

Речиси на секој компир ставете путер и ставете да се пече на 150 -180 степени околу еден час. Потоа покријте ја таата со алуминиумска фолија и ставете уште ммалку на 200 од 220 степени.

kuglice-od-suhog-voca-ae589c45f1f002994db75d7598f57b11_header

Топчиња од суво овошје

Потребни состојки

100 гр суви сливи (без семки)

80 гр  бадеми

100 гр суви смокви

2 лажици шеќер

1 ванилин шеќер

1-2 лажици рум

Кора од портокал

2 лажици мармалад од сливи

Подготовка

Сувите сливи и смокви ситно исчекајте ги, додајте груби мелени или исчекани бадеми, шеќер, ванилин шеќер, рум, ирендана кора од портокал и мармалад од сливи. Сето тоа добро измешајте го и обликувајте топчиња.

Обликуваните топчиња извалкајте ги во кристален шеќер и по желба послужете во хартиени кошнички.

Ако сакате да добиете повеќе вкус во шеќер измешајте малку цимет.