Понеделничко мени во Нетпрес: Торта со тиквички и мелено месо и кремисимо коцки

За денешното понеделничко мени во Нетпрес решивме да готвиме нешто поинакво – торта со тиквички и мелено месо, а десерт неодоливи кремисимо коцки.

Потребни состојки

280 гр меко брашно

1 прашок за пециво

20 гр шеќер

150 гр свеж кравји кашкавал

60 гр топен путер

Сол

Прстофат бибер

Прстофат мускатно оревче

1 јајце

Фил

2 средни тиквички

Маслиново масло

1 мал кромид

1 чешне лук

400 гр мелено месо

Сол

1 лажичка црвен пипер

Бибер

Магдонос

Прелив

250 гр кисела павлака

125 мл течна слатка павлака

3 лажици густин

3 јајца

Бибер

Сол

Подготовка

За тесто ставете ги сите состојки во еден сад и со миксер направете глатко тесто. Тестото размесето го во круг со дијаметар 30 см и ставете го во премачкан округл калап со дијаметар 24 см.

За филот исчекајте ги тиквичките по должина, бланширајте ги кратко во солена вода и измијте ги во студена вода, а потоа наредете ги на чинија или хартија за печење.

На загреано масло запржете кромид и лук, додајте го меленото месо, сето тоа добро издинстајте го и додајте ги сите зачини.

На секое парче тиквичка распоредете од филот, замотајте и наредете ги врз тестото, така што ќе оставите малку простор меѓу нив.

За прелив измешајте ги сите состојки и прелијте ги преку тиквичките. Ставете во рерна загреана на 170 степени околу 45 минута. По печењето оставете околу 10 минути во исклучена рерна. Гарнирајте со половинки чери домати и коријандер.

kremisimo-kocke-8a04e655edf100be30ff6fec92d8a23b_header 

Кремисимо коцки

Потребни состојки

2 пудинг

2 лажици пченично остро брашно

2 лажици пченкарен скроб

100 гр шеќер

1 л млеко

250 гр путер

200 гр чоколаден крем

5 крем банани

100 гр чоколадо

700 гр бисквити

Сок од 2 портокали

2 шлаг пена

250 мл млеко

Подготовка

Пудингот, брашното, скробот и шеќерот изматете ги во малку млеко.

Остатокот од млекото сварете го, тргнете го од оган, додајте му ја разматената мешавина од пудинг и непрекинато мешајте варејќи минута до две.

Во разладениот пудинг измешајте путер и со миксер направете глаток крем. Кремот поделете го во три дела. Во првиот дел измешаје од чоколадниот крем, во вториот исечкани крем банани, а во третиот изрендана чоколада.

Бисквитите натопете ги во сок од портокал и распоредете ги во подготвен плех. На нив ставете од првиот крем, па повторно наредете бисквити, па од вториот крем и се така до третиот крем.

Шлагот истурете го во малку млеко и и мешајте со миксер додека не добиете цврст снег. Шлагот премачајте го преку колачот и добро изладете.