Понесете чадор, се очекуваат обилни врнежи од дожд

Обилни врнежи се очекуваат во текот на денешниот ден. Како што најавува УХМР денес и во петок ќе има пообилни врнежи, особено во западните и источните подрачја, каде се очекува локално да наврнат и над 40 л/м2 за период од 24 часа.

Понесете чадор, се очекуваат обилни врнежи од дожд
Понесете чадор, се очекуваат обилни врнежи од дожд

До петок нашето подрачје ќе биде под влијание на серија влажни бранови кои ќе предизвикаат претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, на повисоките планини со повремен снег.

Инаку, по најавата за обилните врнежи од дожд, вчера Координативното тело излезе со повеќе препораки. Проследете ги препораките на следниот линк.