Понесете си чадор со себе, денеска дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, особено претпладне.

Ќе дува умерен, на повисоките места во западните делови повремено засилен ветер од јужен правец.

Температурата ќе се движи од 4 до 12 степени, а во Скопје до 9 степени целзиусови.