Понишена одлуката за отпуштање на професорите од Штипскиот Универзитет

Државниот просветен инспекторат ја поништи одлуката за отпуштање на тројцата професори од Економскиот факултет во Штип, поради неправилности во критериумите за избор во повисоко звање. Донесена е одлука постапката да се повтори одпочеток.

Професорите Крсте Шајновски, Александар Костадиновски и Маргарита Матлиеска, веќе пет дена штрајкуваат со глад, бидејќи иако имале позитивни рецензентски извештаи не биле избрани за доценти, туку биле отпуштени од работа.

Поддршка за професорите пристигна од СОНК и од апсолвентите на факултетот.