Пониски цени на индустриските производи на домашен пазар во февруари

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, во февруари оваа година се пониски за 0,5 отсто на месечно, односно 2,6 отсто на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во февруари оваа година, во споредба со претходниот месец, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,6 отсто, во групата Капитални производи за 0,6 отсто и во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 0,2 отсто.

Во февруари оваа година, во споредба со истиот период лани, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Енергија за 4,3 отсто, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,3 отсто, Капитални производи за 1,5 отсто и Интермедијарни производи, освен енергија за 0,4 отсто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.