Пониски температури и снег од идната недела

Под влијание на нов влажен бран утре попладне ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни , особено во ноќните часови. Во сабота локално врнежите ќе имаат пороен карактер и ќе има услови за ретки грмежи. Претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет ќе се задржи и во недела и во почетокот на наредната седмица.

Од понеделник ќе има постепено опаѓање на температурите, а на планините ќе има и врнежи од снег.