ВИДЕО: Поништена пресуда за Санадер

поништена пресуда санадер ИНА хрватска

Хрватски суд поништил пресуда против поранешниот премиер на Хрватска, Иво Санадер, и наредил преразгледување на дело против него, во кое тој е обвинет за корупција, јавува „Ројтерс“, пренесува Нетпрес.

Поништена е пресуда за Санадер во која тој е прогласен за виновен земање поткуп од унгарската нафтена компанија МОЛ, во замена за добивање на конторлен пакет акции во хрватската нафтена компанија ИНА.

Бившиот хрватски премиер ја обжалил пресудата.

– Судот ја прифати жалбата и ја поништи пресудата, било објавено на интернет страницата на судот. Како образложение за ваквиот чекор биле наведени процедурални грешки.

Целиот процес ќе биде вратен на преразгледување во загрепскиот суд.