Поништено решението за промена на претседателот на ССМ, Живко Митревски

Согласно добиени информации, поништено е незаконското решение со кое на нелегитимен начин се обиде да се направи смена на претседателот на Сојузот на синдикати на РМ, Живко Митревски.

Како што пишува „Курир“,  причината за поништувањето на решението е поради тоа што истото  е незаконито и нестатутарно, односно донесено е спротивно на законот и на статутот на Сојузот на синдикати.

Согласно ова, како единствен легитимен  претседател на ССМ, кој  е запишан во регистарот кој го води Министерството за труд и социјална политика и Централниот регистар е Живко Митревски.