20 отсто понизок надомест за приватна специјализација

Сите специјализанти кои во моментот се запишани или во иднина ќе се запишат на приватна специјализација да плаќаат за 20 отсто понизок финансиски надоместок од оној кој досега го плаќале. Ова се предвидува со најновите измени на Законот за здравствена заштита, кои беа разгледани на седница на Владата, а за кои во наредниот период ќе се одржи поширока јавна дебата.

Станува збор за нова мерка од која бенефит ќе има поголема група млади луѓе кои во моментот се во тек на приватна специјализација во некоја медицинска област или во иднина ќе специјализираат во некоја гранка на медицината.

Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека оваа законска измена се очекува да стапи во сила до крајот на идниот месец, а е предложена како резултат на дијалогот што Министерството го воспостави во рамки на дискусиите на седниците на Младинскиот здравствен форум, а конкретно беше предложена од страна на Асоцијацијата на млади лекари и специјализанти.

Намалувањето на сумата нема да влијае на квалитетот на специјализациите

Aко досега за приватна специјализација од областа на хируршките гранки се плаќаше 1.000 евра по семестар, отсега специјализантите ќе плаќаат 800 евра за семестар

 ако досега за специјализација од областа на хируршките гранки се плаќаше 1.000 евра по семестар, отсега специјализантите ќе плаќаат 800 евра за семестар
Aко досега за приватна специјализација од областа на хируршките гранки се плаќаше 1.000 евра по семестар, отсега специјализантите ќе плаќаат 800 евра за семестар

За илустрација, ако досега за специјализација од областа на хируршките гранки се плаќаше 1.000 евра по семестар, отсега специјализантите ќе плаќаат 800 евра за семестар, односно вкупниот износ за специјализацијата се намалува од 12.000 евра за целиот период од шест години на 9.600 евра. Во областа на нехируршките гранки, партиципацијата за семестар се намалува од 800 на 640 евра, односно вкупниот износ се намалува од 8.000 евра на 6.400 евра (за специјализација од 5 години односно 10 семестри, нагласи Тодоров

Дел од овие средства, појасни министерот, се наменети за Медицинскиот факултет (за ментори и коментори), а дел за јавните здравствени установи (за едукатори и други трошоци наменети за јавната здравствена установа), така што со ова намалување практично се откажуваме од дел од финансиските средства наменети за јавните здравствени установи, што нема да предизвика никакви последици и на никаков начин нема да влијае на квалитетот на самите специјализации, имајќи предвид дека остатокот од сумата во најголем дел е наменета за професорите на Медицинскиот факултет кои се ментори, коментори и едукатори и еден помал дел за Медицинскиот факултет.

Со претходните законски измени со оваа мерка веќе ги опфативме идните специјализанти, а со оваа мерка ги опфаќаме и специјализантите кои се во тек на специјализација.

Станува збор за околу 600 млади луѓе кои ќе имаат бенефит од оваа мерка, односно за околу 600 семејства кои ќе имаат бенефит од оваа мерка секоја година. Но, тоа значи за оние кои се сега запишани на специјализација и за сите оние кои во наредните години ќе се запишуваат на специјализација, додаде Тодоров