Понта најави формирање на Крајовска група

Романскиот премиер Виктор Понта на денешната средба со Александар Вучиќ и Бојко Борисов најави формирање на Крајовска група, сочинета од Србија, Бугарија и Романија.

– Отворени сме и за други држави од Западен Балкан, бидејќи обединети можеме да постигнеме многу повеќе, наведе Понта.

Понта, Вучиќ и Борисов денеска во Крајова разговараа за инфраструктурни проекти, соработка во областа на енергетиката и сообраќајот, пренесува МИА.

– Заедно можеме многу да направиме. Нашите три земји заедно најдобро ќе можат да ги штитат нашите економски и политички интереси. Ова е стратешка територија во Југоисточна Европа и уверен сум дека формирањето на Крајовската група ќе биде од историско значење, посочи Вучиќ.

Тој им се заблагодари на романскиот и бугарскиот премиер на поддршката за Србија на нејзиниот европски пат.

– Сакам да видам автопат Букурешт – Софија – Белград што е можно побрзо. Сакам што побврзо да видам и пруга која води кон Турција. Овие проекти не се добри само за нашите три земји, туку и за цела Европа, потенцира Борисов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.