Поп Ацев го освои четвртото место во Вила Уркиса

Македонскиот маратонец Евгениј Поп-Ацев го освои четвртото место на првата трка од Гран При серијата на ФИНА, која се одржа од Вила Уркиса до Парана (Аргентина).

Како награда освои 500 долари и 7 бодови во генералниот поредок.

Нашиот втор преставник Александар Илиев го освои 12-то место, додека Томи Стефановски го откажа учеството поради болест.

Инаку победник на маратонот долг 25 километри е Италијанецот Марио Санцуло, додека во женска конкуренција победи Аличе Франко, исто така од Италија.

Следниот маратон е закажан за 25 април во Канкун, Мексико.