Поп ѕвездата Аделина Тахири заштитно лице на ОНЕ и ЏаБест и oваа година

По едногодишна успешна соработка, телекомуникацискиот оператор ОНЕ и музичката ѕвезда Аделина Тахири ја продолжуваат соработката со нов договор за 2014 година.  Како и досега така и во наредните година дена, ОНЕ и попопуларната Аделина, заеднички ќе работат на промоција на брендот ОНЕ и поп музиката во Македонија.

„Партнерствата кои добро функционираат не треба да се прекинуваат, правило и во бизнисот и во приватниот живот. На наше големо задоволство се покажа дека, нашето партнерство со Аделина во изминатите година дена функционираше одлично, а резултатите од успешната соработка се повеќе од видливи; рекламни кампањи, промоции, настани…И во наредната година продолжуваме со истото темпо, посветено да работиме на взаемна промоција и популаризација”,  изјави Цирил Кафол, Главен извршен директор на ОНЕ.

„Задоволството од соработката е на двете страни. За мене беше и лани, а сега уште повеќе чест и задоволство да бидам заштитно лице на ОНЕ и ЏаБест, два исклучителни, позитивни, младешки и енергични бренда, токму како што и одговара на мојот темперамент и музика”, изјави Аделина.

Во следните година дена, ОНЕ и Аделина ќе работат посветено, на сите љубители на поп музиката да им понудат атрактивни музички содржини и настани. Со логото на ОНЕ и ЏаБест, Аделина ќе издаде музички албум и промоција на истиот, видео запис за носечка нумера, а и годинава ќе се појави во неколку рекламни кампањи.

Телекомуникацискиот оператор ОНЕ  е голем поддржувач на музиката во Македонија. Во моментов, покрај со Аделина, ОНЕ има партнерски договор за соработка и со Каролина и Слаткар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.