Попладне дожд и грмотевици

Времето во Македонија променливо облачно со сончеви периоди. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно, со локален пороен дожд и грмежи. Минималната температура од од 11 до 17 , а максималната од 24 до 29 степени. УВ=5.

Во Скопје, слично време, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Температурата ќе се движи од 16 до 27 степени.

Од вторник ќе настапи стабилизирање на времето по што следува период на стабилно и суво време со постепен благ пораст на дневната температура.