Попладне грмежи и пороен дожд

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со појава на град и електрични празнења, особено во југоисточните делови.

Температурата ќе се движи од 20 до 28 Целзијусови степени.

Во почетокот на следната седмица во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.