Попладне краткотраен дожд и грмежи

Времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб, во западните делови умерен западен ветер.

Температурата ќе се движи од 15 до 28 степени.

Во Скопје и околината слично време со температура до 25 степени.