Попладне краток прекин на сообраќајот на патот Кичево – Охрид

Прекин на сообраќајот на патот Кичево- Охрид

Краток прекин во сообраќајот на патот Кичево – Охрид. Како што информира АМСМ, поради изведување работи на пат (минирање) на патот А2 Кичево – Охрид, на делот помеѓу Пресека село Врбјани сообраќајот ќе биде во прекин 15-20 минути помеѓу 14:00 – 16:00 часот.

Според известувањето од Мануфактура продукција, од 03.11.2015 (вторник) до 06.11.2015 (петок) во периодот од 05:00 до 18:00 часот, снимањето на филмот A FOND се одвива на автопатот А1 од мотелот Македонија до Градско и сообраќајот се одвива по стариот пат.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.