Попладне не очекуваат пороен дожд, ветер и грмежи

Попладне повторно не очекува невреме проследено со пороен дожд и грмежи. Ќе дува и засилен северозападен ветер.

Максималната температура ќе се движи од 24 до 32 степена.

До крајот на работната недела и во сабота ќе се задржи нестабилноста во попладневните часови. Умерен повремено засилен ветер ќе дува во четврток и петок преку денот. Во недела ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност, и до тогаш температурите ќе бидат во благ раст.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.