Попладне нестабилно, со дожд и ветар

Нестабилно, со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи за денеска попладне особено во северните и западните делови на земјава.

За време на викендот нестабилно ќе биде во поголем дел од земјава, со поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со пообилни врнежи и појава на град.

Во почетокот на следната седмица нестабилно ќе биде во попладневните часови со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.