Попладне нестабилно со локален пороен дожд

Променливо облачно, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, а можна е и изолирана појава на град, најавуваат метеоролозите од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој во вечерните часови ќе го промени правецот во северозападен.Температурата ќе се движи од 15 до 21 степен. Во Скопје ќе преовладува слично време со температура до 18 степени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.