Попладне нестабилно време во западните и северните делови

Нестабилно време не очекува во попладневните часови, особено во западните и северните делови од земјата.

Од УХМР за пладневните часови најавуваат локален развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи, особено во западните и северни делови, но и во останатите планински региони.

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец кој во периодите на пороен дожд повремено ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 36 степени, а УВ-индексот 7.

Во Скопје температура до 36  степени целзиусови, воздушен притисок 979, релативната влажност на воздухот 40 проценти и средна брзина на ветер три метри во секунда.

Во деновите од викендотќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи, претежно во планинските предели, особено во југозападниот и јужниот дел од земјата. Од почетокот на работната недела и понатаму ќе се одржува сончево претпладне, а попладне со зголемена облачност и со услови за појава на краткотраен дожд во претежно југозападните делови, стои во соопштението.

Поројните дождови направија хаос во тетовско

Поплавите предизвикани од поројните дождови пред три дена во тетовско зедоа пет човечки жртви.

Предизвикана е и голема материјална штета. Оштетени се неколку возила, а свлечиштата носеле се пред себе.

Исчезнато шестгодишно девојче

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски вели дека телата на починатите по силното невреме во тетовско се пронајдени, а како исчезнато се води шестгодишно девојче од Шипковица.

Повредени се засега 11 лица, најмногу од Шипковица, Селце Џепчиште и Мала Речица. Дел од нив се уште се на болничко лекување, а дел се пуштени дома, рече Јосифовски.

Нови три жртви на невремето во тетовско

По големо невреме, стивнува дождот во тетовско

По обилните врнежи се излеа реката Пена

Четири жртви во силното невреме во тетовско

Груевски во Тетово - Бројот на жртви се зголемува

Тетово под вода, свлечиштата носеле објекти

Четири возила се оштетени од паѓање гранки, дрва, предмети. Се уште се пријавуваат штети на куќи и објекти однесени од свлечишта.

Однесен е и Вратничкиот мост меѓу горно Орашје и Нераште, информираат од полицијата.

 

 

За месец август се предвидени пониски температури во однос на минатиот месец.

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.