Попладне облачно со услови за слаб локален дожд

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголеми и во западните и северните делови ќе има слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од два до девет, а дневната од 10 до 18 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде умерено облачно, а попладне со повремен слаб дожд и со умерен до засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 13 степени.

Во следните денови времето ќе биде сончево со умерена облачност и релативно топло.