Попладне очекувајте дожд

Променливо облачно време со сончеви периоди не очекува денес, а попладне очекувајте дожд.

Како што најавуваат од УХМР, попладне најпрвин во запaдните и југозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд, локално проследени со ретки грмежи.

Попладне очекувајте дожд
Попладне очекувајте дожд

Во текот на ноќта врнежите ќе се интезивираат и прошират насекаде, при што се очекува да наврнат над 30 л/м2, особено во западните и југозападните делови.

Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер.  Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 27 степени, УВ= 5.

Утре и во петок очекувајте дожд, од сабота стабилизирање на времето

Утре и во петок очекувајте дожд, од сабота стабилизирање на времето
Утре и во петок очекувајте дожд, од сабота стабилизирање на времето

На повеќе места повторно ќе бидат обилни проследени со грмежи и со засилен ветер, локално во форма на невреме.

Се очекува да наврнат дополнителни над 30 л/м2 воден талог, особено во западните делови. Врнежи од дожд ќе има и в петок, но со послаб интензитет и повеќе ќе бидат локализирани, а кон крајот на денот постепено ќе престануваат.

Потоа следува период на стабилизирање и постепено затоплување на времето.

 

Какво ќе биде времето до крајот на септември погледнете на следниот линк.