ТОП,Македонија

Попладне очекувајте големо невреме

Попладне очекувајте големо невреме

Времето во Македонија претпладне сончево и топло. Попладне од влијание на влажна, нестабилна и посвежа воздушна маса ќе настапи значителна промена на времето.

На повеќе места ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Повеќе врнежи ќе има во вечерните и ноќните часови кон сабота, особено во северните делови, каде локално се очекува да наврнат над 25 л/м2.

Утринската температура од 14 до 22, а дневната од 30 до 36 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје, претпладне сончево, попладне и во вечерните часови нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската температура ќе достигне до 21, а дневната до 33 степени.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно, значително посвежо и ветровито време со локални врнежи од дожд. Дневната температура ќе опадне за повеќе од 10 степени во однос на денешната и ќе биде во интервал од 20 до 29 степени.

Од понеделник се очекува стабилизирање на времето со постепен пораст на температурата. До вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер.