Македонија

Попладне очекувајте краткотраен пороен дожд

Попладне очекувајте краткотраен пороен дожд

Сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец не очекува во текот на денешниот ден.

Во попладневните часови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретка појава на грмежи.

Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 26 степени. УВ= 7

Утре доцна попладне ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, а поизразена нестабилност ќе има во четврток попладне кога на повеќе места се очекува пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално е можна и појава на невреме со град. В петок и в сабота ќе биде топло и ветровито со умерен до засилен југозападен ветер, кој ќе биде најизразен на повисоките места и на планините. Услови за врнежи од дожд ќе има во сабота вечер и во понеделник.