Попладне очекувајте пороен дожд

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне променливо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Како што информираат од УХМР, во текот на денешниот ден ќе дува умерен ветер од северозападен правец.Температурата ќе се движе од 12 до 20 степени, а дневната највисока во интевал од 27 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне променливо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од 19 до 34 степени.

Слично време и во текот на утрешниот ден

Во вторник во претпладневните часови времето ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне променливо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на дневните температури, особено во вторник. Од среда се очекува претежно стабилно време со постепен пораст на дневните температури.