Попладне очекувајте пороен дожд и грмежи

Попладне очекувајте пороен дожд и грмежи. Во претпладневните часови ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Во попладневните часови најпрвин од запад, а потоа и насекаде ќе биде нестабилно на повеќе места со пороен дожд и грмежи.  Ќе дува умерен повремено засилен претежно јужен ветер, а ветерот повремено и ќе засилува.

Минималната температура ќе биде во интервал од шест до 13, а максималната од 20 до 27 степени.

На повеќе места ќе паднат и повеќе од 20 литри на метри квадратни за 24 часа, а можна е и појава на невреме проследено со појава на град.

Во Скопје претпладне со мала до умерена облачност, а во попладневните часови со услови за нестабилност и појава на краткотраен пороен дожд проследен со грмежи.

Минималната температура до 11, а дневната ќе достигне до 24 степени.

Од петок ќе следи период на ветровито време со умерен до засилен ветер од југозападен и западен правец, кој ќе биде најизразен на повисоките места и на планините.

За време на викендот во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.