Попладне очекувајте дожд

Времето во Македонија претпладне ќе биде со мала до умерена облачност со сончеви периоди и со слаб до умерен претежно југоисточен ветер. Попладне во западните и југозападните делови ќе има услови за краткотрајна нестабилност проследена со повремен пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер.

Утринската температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а дневната од 25 до 30 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде малку до умерено облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен претежно југоисточен ветер. Попладне ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Утринската температура ќе биде 12, а дневната ќе достигне до 30 степени.

Оваа недела ќе продолжи периодот на појава на нестабилност со локален често пороен дожд и грмежи, претежно во попладневните часови. Врнежите ќе се почести во јужните делови, но и во планинските региони. Поизразена нестабилност ќе има во среда во крајните југозападни делови, но и во четврток и во петок и во останатите делови од земјата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.