Попладне очекувајте дожд

Времето претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови облачноста ќе се зголемува и ќе има повремени врнежи од дожд, само на повисоките планини ќе врне снег. Врнежите ќе бидат со променлив интензитет и повеќе ќе бидат застапени особено во западните делови од земјава. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец, повеќе ќе биде изразен во Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до два, а дневната од 10 до 16 степени.

Во Скопје времето претпладне ќе биде променливо облачно, а во попладневните часови облачноста ќе се зголемува и ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе се искачи до 14 степени.

Во понеделник и во вторник ќе има извесно стабилизирање на времето, но локално се уште е можен краткотраен дожд. Од среда па во наредната недела ќе има зголемување на облачноста и повремени врнежи од дожд кои наместа се очекува да бидат пообилни.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.