Попладне пороен дожд, грмежи и силен ветер

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен југозападен ветер.

Околу пладне и попладне на повеќе места ќе се развива нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и силен ветер, а се очекува да наврнат над 20 л/м2 дожд. Локално процесите ќе бидат изразени во форма на невреме со град, особено во југозападните делови.

Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 26 степени. УВ=5

Во наредните денови во попладневните часови ќе има локален краткотраен дожд со ретки грмежи. До недела ќе дува умерен, повремено засилен ветер, претежно од југозападен правец, кој повеќе ќе биде изразен на повисоките места и на планините.