Попладне прекин на сообраќајот на патот Кичево – Охрид

Прекин на сообраќајот на патот Кичево- Охрид

Попладне прекин на сообраќајот на патот Кичево – Охрид. Како што информираат од АМСМ поради изведување градежни работи со минирање на патот Кичево – Охрид на делот помеѓу Пресека –  село Врбјани  од 13 до 15 часот денеска  ќе има прекин на соообраќајот во интервали од 15 до 20 минути.

Прекин на сообраќајот на дел од автопатот А1

Од „Манифактура продукција“ информираат дека автопатот А1 кај делницата од мотел „Македонија“ до Градско од 5 до 18 часот денеска  ќе биде затворен за сообраќај поради снимање на филмот „A Fond”. Сообраќајот ќе се одвива по стариот пат, информира „Манифактура продукција“.

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива по суви коловози.

Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.