понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 1

Попладне прекин на сообраќајот на патот Кичево – Охрид

Денес, поради изведување работи на пат (минирање) на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делот помеѓу Пресека - село Врбјани, сообраќајот ќе биде во прекин 15 – 20 минути во период меѓу 13:00 и 15:00 часот.

Tabanovce_avtopat_0_0

Поврзани вести

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози.

Денес, поради изведување работи на пат (минирање) на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делот помеѓу Пресека  – село Врбјани, сообраќајот ќе биде во прекин 15 – 20 минути во период меѓу 13:00 и 15:00 часот.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово, Кочани-Делчево и Ресен – Буково каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Најчитани вести