Попладне се подготвува силно невреме со обилни врнежи

Во текот на попладнето врнежите ќе бидат локално пообилни. Врнежи ќе има и во текот на вечерта, но со намален интензитет и на помала територија. Повеќе врнежи сепак се очекуваат во источниот дел од земјата.

Повремено и локално ќе дува умерен до засилен ветер, кој ќе биде придружен елемент на поинтензивниот дожд, каде локално се очекува да наврнат над 30 литри на метар квадратен.

Минималната температура ќе биде во границите од 13°С до 20С.

Денот ќе биде посвеж во однос на петок. Максимална температура околу 25°С се очекува во северната половина на земјата, во југозападниот регион околу 24°С. Најтопло ќе биде на југоисток, до 28°С.

Во скопската котлина се очекува претежно облачно време со периодичен дожд и услови истиот повремено да биде пообилен. Кон крајот на денот врнежите ќе бидат и поретки и послаби. Минималната температура ќе се спушти до 18°С, додека максималната вредност на температурата ќе достигне 25°С.

Метеоалармот издаде предупредување од жолта фаза на речи си целата територија на Македонија.

До среда ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд. За овој период се очекува локално да наврнат над 50 литри на метар квадратен дожд.