Попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

И утре попладне ќе биде нестабилно облачно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во недела и понеделник ќе биде претежно сончево и многу топло. Од вторник повторно се очекува дестабилизација со поројни врнежи од дожд и грмежи.

Во недела и понеделник стабилното време може да се искористи за заштита на лозјата од плевели, болести и штетници. Исто така може да се вршат и другите земјоделски работи на отворено како, берба на овошје и зеленчук, кроење на млади зелени ластари и друго.