Попладне со пороен дожд и грмежи

Од пладневните часови, најпрвин во западните, а потоа и во останатите делови ќе биде нестабилно со појава на пороен дожд, грмежи и изолирана појава на град. Во периодот на поројни врнежи ќе дува повремено засилен ветер. Овие процеси ќе продолжат и во ноќните часови.

И во наредните денови ќе се задржи нестабилно време проследено со пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер. Денес попладне и утре локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд и град, а се очекува да наврнат и поголеми количини на воден талог (над 30л/м2).