Попладнево ќе се бира „Мис на светот 2014“

Финалето за избор на „Мис на светот 2014“ ќе се одржи попладнево во Лондон.

На манифестацијата ќе присуствуваат претставнички од 122 земји.

„Битката за круната“ за најубава девојка на светот започна пред неколку недели кога убавиците од целиот свет пристигнаа во Лондон, каде учествуваа во повеќе натпреварувања и освојуваа поени кои влегуваат во нивното конечно бодовно салдо.

Девојките пред жирито ги прикажаа своите таленти и продефилираа во национални носии и костими за капење, учествуваа во спортски натпреварувања, презентираа сопствени хуманитарни проекти и имаа интервјуа со судиите.

Изборот ќе биде директно пренесуван на интернет, при што гледачите ќе може да се вклучат во гласањето и со тоа да учествуваат во изборот на „Мис на светот 2014“.

Неколку часа пред почетокот на манифестацијата, обложувалниците најголеми шанси за победа и даваат на „Мис Јужна Африка“, а по неа следуваат „Мис Англија“ и „Мис Индија“.