Попладнево лидерска средба во Клубот на пратеници

Денеска во 18 часот во Клубот на пратеници, ќе се одржи лидерска средба на парламентарните партии. Форматот ќе биде 1+1 (лидерот на партијата плус уште еден претставник). Поканети се сите партии што имаат повеќе од еден пратеник.

Лидерската средба се наметна како неопходна откако Комисијата за избори и именувања, предводена од опозицијата, ја прекина работата во фазата на листи со кандидати. За почеток на работата, претседателот на Комисијата, пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Илија Димовски побара консензус меѓу политичките партии, за да ги продолжат постапките за прочистување на листите, за избор на кандидатите и нивно предлагање до Собранието за гласање.