Спорт

Пoплавен стадионот во Штип, „Брегалница“ ќе тренира во Дојран

Пoплавен стадионот во Штип, „Брегалница“ ќе тренира во Дојран

Поплавите во Штип и околината си го сторија своето, па водата повторно донесе многу тешкотии и на Градскиот стадион. Речиси и да нема никакви услови за тренинзи, посебно не за натпревари, а добро е што штипјани од утре заминуваат на десетдневни подготовки во Дојран,  пишува порталот Екипа.

stip

„Има проблеми, речиси се е поплавено, а тимот од утре заминува на подготовки во Дојран. Таму ќе одиграме четири пријателски натпревари“, вели тренерот  на „Брегалница„, Влатко Костов, за порталот Екипа.

stip2