Поплавени Куманово и неколку села

Поради обилните врнежи кои ја зафатија Македонија во текот на вчерашниот и денешниот ден, поплавени се одредени места, соопштуваат од Дирекцијата за заштита и спасување.

„На територија на општина Куманово има излевање на ЛипковскаРека кај локалитетот „Водовод“ при што поплавен е дел од паркинг со возила и пешачки патеки кои служат за пристап до стамбените објекти.

Исто така има и поплавување на фарма, но засега не може да се дејствува бидејки сопственикот на истата е недостапен. ЛипковскаРека е излеана и во населбата Средорек при што се поплавени две куќи.

Којнарска Река е излеана и поплавени се 15 куќи на улицата Никола Теска, а кај селото Долно Којнаре поплавени се земјоделски површини.

Кумановска Река е излеана кај селото Доброшане и поплавила една семејна куќа. Кај селото Лопате – Ропаљски Дол има излевање на реката Луга, при што се попалавени две штали и еден трактор.

Подрачното одделение на ДЗС Куманово е на терен и досега се дадени преку 1.000 вреќи за песок, кои ќе бидат употребени за изградба на одбрамбени насипи кај Средорек, локалитет Водовод и на сите места на кое ќе биде неопходно. Екипи на ДЗС и ЈП Водовод Куманово се на терен ја следат состојбата, донесен е песок и една работна машина која ќе биде употребена за санирање на оние места каде е неопходно“, се вели во информацијата до јавноста.