40 поплавени објекти во Прилеп

Поради обилните врнежи од дожд кои се случија попладнево во Прилеп, каде што наврнаa повејќе од 40 литри на метар квадратен во период од половина час, претседателот на Кризниот штаб Никола Димески свика итна седница каде беа согледани и констатирани штетите, информираат од општина Прилеп.

Во надлежните институции поднесени се околу 40 пријави за поплавени објекти и улици.
Од локалната власт информираат дека екипи од надлежните институции работат на терен и санираат поплавени објекти.

Ситуацијата ќе се следи и во текот на ноќта и ќе се интервенира доколку има било каква потреба од тоа, велат од општината.

 

Во Македонија од пладневните часови почна развој на нестабилна облачност, најпрво во планинските подрачја во западна Македонија, околу Јакупица и крајниот североисточен дел.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.