Поплавени повеќе делови на Атина од поројните дождови

Повеќе делови на Атина се поплавени од поројните дождови, јавуваат грчки медиуми.

Поради поплавените улици во западниот дел од градот во реонот на Пиреја, Керацини и Драпецона голем број возачи останаа блокирани на улиците со своите автомобили. Поплавени се голем број продавници и домови.

Противпожарната служба соопшти дека интервенираат речиси целиот ден со испумпување вода која на одделни места достигнала до еден метар височина. Според нив, поплавени се над 200 домови и канцеларии.

Бура со дождови и ниски температури се очекуваат во голем дел од државата во викендот. Во голем број реони во северна Грција се очекува и снег.