недела, 26 март 2017  |  Вести денес: 26

Поплавените денес и утре да пријават каде да им се исплати авансната помош, ќе добијат 100 % обесштетување

poplava-1-640x362

Последни вести

Граѓаните од поплавените подрачја денеска и утре треба да ги пријавуваат во Министерството за финансии деловните банки во кои сакаат да им биде исплатен паричниот надоместок.

Евидентираните лица од приложените списоци доставени од страна на Комисијата за вршење проценка на оштетувања на недвижен и движен имот во подрачјата зафатени со силното невреме и поплавите во скопскиот и тетовскиот регион треба да се пријават на телефонските броеви: 02/3255-578, 02/3255-586, 02/3255-743 и 02/3255-742 и тоа денеска и утре во период од 9 до 17:30 часот и во понеделник од 8:30 до 19 часот.

Граѓаните штетите можеа да ги пријават и во текот на вчерашниот ден.

Исплатата на 30.000 денари како авансно обештетување ќе се врши во готово на шалтерите на онаа деловна банка за која граѓаните сами ќе се одлучат, само со доставување  на документ за идентификација односно лична карта или патна исправа.

Иако првично беа планирани милион ипол евра, Владата донесе одлука да ги зголеми средствата за авансно плаќање на 2 и пол милиони евра. Премиерот Димитриев завчера информираше дека досега обработени се податоците за околу 2000 семејства на кои се очекува парите да им легнат на сметка во најкус можен рок. Владата до Собранието предложила и ребаланс на буџетот со што ќе се обезбедат средства за целосно обештетување на граѓаните.

 Сукцесивно како ќе бидат проценувани и обработувани податоците, очекувам до вторник да бидат исплатени авансно сите семејства со по 30 илјади денари, рече премиерот Димитриев.

Во невремето кое пред две недели го зафати Скопје беа погодени околу 5000 семејства. Државата сите стопроцентно ќе ги обештети.

Усвоени се и мерките за бесплатно здравство до крајот на годината, како и зголемување на социјалната помош за најранливите категории. Ќе бидат целосно обештетени и сите земјоделци на кои невремето им го уништи родот и земјоделските површини.

Најчитани вести