Поплавените подрачја ќе го „заживеат“ земјоделството со ГМО семиња

Голем број земји ќе донираат во катастрофалните поплави кои минатиот месец ги погодија БиХ, Србија и Хрватска. Но, за жал, секоја помош не е добродојдена, а за тоа сведочи донацијата од компанијата Монсанто, водечкиот производител на ГМО семиња во Европа.

Монсанто на земјоделците во Србија веќе им донирал семе од пченка во вредност од 275 илјади евра, доволно за да се посеат околу 3 илјади хектари земја.

Дополнителна количина на семе од пченка ќе биде поделено во Хрватска и БиХ, а вкупната вредност на оваа помош изнесува 445 илјади евра.

Монсанто ќе донира и семе од домат, краставица и зелка во вредност од 75 илјади евра за земјоделците во сите три држави погодени од поплавите.