Поплавените села во тетовско повторно имаат електрична енергија

Жителите на Вејце, Бродец, Бозовце, Вешала, Нераште и еден дел од село Шипковица повторно имаат електрична енергија.

Електричните столбови кои вчера паднаа како резултат на силното невреме што го зафати градот тетовско се санирани, соопштуваат од ЕВН Македонија.

Екипите на терен, најкритично во околината на Шипковица

Екипите на ЕВН Македонија се сеуште на терен, а најкритична е околината на село Шипковица, каде во моментов од вкупно три, под напон се две трафостаници. Како што се расчистуваат патиштата и приодите до енергетските објекти, така се очекува екипите на ЕВН да го отстранат и последниот дефект и корисниците кои се напојуваат од оваа трафостаница да добијат електрична енергија.

На терен се додека сите граѓани не бидат обезбедени со електрична енергија

Обилните врнежи и силни ветришта кои го зафатија тетовскиот регион предизвика големи штети на електродистрибутивната мрежа и оставија голем број корисници привремено без напојување со електрична енергија. Голем број од електричните столбови беа паднати, а каблите искинати. Благодарејќи на напорите на засилените екипи на ЕВН Македонија, оштетената мрежа беше санирана, се вели во соопштението. Екипите на ЕВН Македонија ќе останат на терен во текот на ноќта и утре, ќе се работи се’ додека не се воспостави нормално снабдување со електрична енергија за сите корисници, се вели во соопштението.

Што им е најпотребно на настраданите во Тетово

Според првичната проценка, во моментот има потреба од помош во вода за пиење, средства за хигиена (средства за дезинфекција), храна и ќебиња.

Помошта може да се предаде во магацините на Црвен крст во Момин Поток од 8 до 16 часот (контакт телефон 3 096 227) до 15 август.

Каде можете да донирате

pena-tetovo2_2015832391Заинтересираните правни субјекти и граѓани можат да се вклучат и со обезбедување на парична помош:

-Сметка на Фонд на солидарност300000001327966 ДБ 4030984271620– Комерцијална банка

-Донирање на 100 денари со повик на телефоните 075/070/078 143 400

Црвениот крст на РМ следејќи ги случувањата на терен, донираните парични средства ќе ги насочи наменски за помош на настраданото население од поплавите.

За обезбедената и дистрибуирана хуманитарна помош, јавноста ќе биде навремено и соодветно информирана, велат од Црвениот крст на РМ.

Премиерот Никола Груевски и владини претставници доцна синоќа итно излегоа на терен во тетовско, а денеска беше одржана вонредна владина седница со цел изнаоѓање најбрзо и најдобро решение за справување со последиците кои ги предизвикаа вчерашните поплави.

Покрај во Тетово обилните врнежи поплавија објекти и предизвикаа материјална штета и во Прилеп.

Утрешниот и задутрешниот ден во Општина Тетово се прогласени за денови на жалост.

 

 

Тетово вчера беше зафатено од поројни дождови кои предизвикаа поплави и свлечишта.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.