Поплави и се закануваат на Италија

Училиштата во градот Пиза и други јавни установи од централната италијанска област Тоскана, денеска останаа затворени поради стравувањата дека реката Арно може да се прелее. Во меѓувреме со снег се покриени големи области во северна Италија, пренесе АФП.

Критичниот момент се очекува да настапи денеска во Пиза, односно протокот на реката Арно да се зголеми на 2.500-3.000 метри кубни во секунда, нешто што не се случило во последните 20 години. Градските власти го предупредија населението и презедоа превентивни мерки.

Поројни дождови имаше и во регионот околу Рим, што изминатат ноќ беше зафатен од силна бура. Поплавени се многу патишта долж крајбрежјето.