Поплави на Крит

Пороен дожд поплави куќи и автомобили во села на грчкиот остров Крит, објавуваат грчки медиуми, пренесува МИА.

Водата на места е со ниво од два метра. Спасувачки тимови успеале да пружат помош на мажи, жени и деца од домовите.

Најпогодени се поплавите во селата Маладес, Финика и Картеру во реонот на Ираклион.