Поплави во Бразил: Најмалку 16 загинати, меѓу кои и деца

Поплави во Бразил: Најмалку 16 загинати, меѓу кои и деца
Поплави во Бразил: Најмалку 16 загинати, меѓу кои и деца

Најмалку 16 лица, меѓу кои и четиригодишно момче, загинаа во поплавите и лизгањето на земјиштето, предизвикани од поројните дождови во Сао Паоло, соопштија денеска бразилските власти.

Капетанот на противпожарната бригада во Сао Паоло, Маркос Палумбо изјави дека лизгањето на земјиштето уништило неколку куќи и усмртило девет лица во градот Франциско Морато и четири лица во Марипори, каде е пријавено исчезнување на уште осум лица.

По едно лице се удавило во градовите Гваруљос, Кажамар и Итатиба.

Поради поројниот дожд, кој почна ноќеска да врне, затворен на шест часа беше меѓународниот аеродром во Сао Паоло, а неколку часа не работеше ниту службата за патнички возови.