Поплави во Џакарта, евакуирани 6.000 жители

Поради обилните монсунски дождови, што паѓаат десетина дена, во главниот град на Индонезија Џакарта се поплавени голем број населби, а властите до денеска евакуираа над 6.000 жители.

Поради најавите дека силните дождови во ова подрачје ќе паѓаат најмалку уште една недела, гувернерот на Џакарта нареди мобилизација на силите за спасување и определи 28 локации од кои што ќе се координира акцијата за заштита од поплавите.

Со десет милиони жители во градското подрачје и уште толку во предградијата и сателитските населби, Џакарта е најголем, но и најгусто населен град во Азија.

Големиот број нови згради и сообраќајници подигнати во последниве 10 години на градот му даваат современ лик, но ги запреле природните текови на излевањето на водата кои ја чуваа Џакарта од поплави.