Поплави во Хрватска, најкритично во Карловац (ВИДЕО)

Поплави во Хрватска, најкритично во Карловац
Поплави во Хрватска, најкритично во Карловац

Поројните дождови предизвикаа поплави во Хрватска, а во моментот најпогоден е Карловац, каде над 400 куќи се под вода.

Во Карловац, град кој се наоѓа на четири реки, воведена е вонредна состојба, голем број улици се под вода, а транспортот е во прекин или нередовен.

Во село Логориште, каде се влеваат реките Купа и Корана, водата во некои објекти е висока над еден метар. Тоа е петти пат во последните две години селото да е поплавено.

Поради брзото зголемување на нивото на реката Уна во Хрватска Коштајница воведени се вонредни мерки за заштита од поплави. Во Госпиќ наврнале 279 литри дожд. Водата која се слева од планината Велебит ги поплави улиците и објектите во градот.

Во реонот на Шибеник вчера во рок од еден час паднале 150 литри дожд на метар квадратен.